Метеопрогнозерот Поповски: Влажниот бран од Медитеранот ќе заминува од нашата територија
По врнежите од дожд кој ги имаме речиси насекаде низ Македонија, и се поинтензивни во западните и во јужните предели од државава, каде понекаде надминаа и 30 литри на метар квадратен воден талог, за време на овој викенд очекуваме краткотрајна стабилизација на времето и повторно натпросечно топло време, објави „Метеоаларм“.
-Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има сосема мали услови за слаб локален дожд, а на највисоките планински врвови можно е провејување на слаб снег. Ветерот кој го имаме од југоисточен правец ќе ја намали својата брзина. Што се однесува на температурите, тие повторно ќе бидат натпросечно високи и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде и 15 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до околу 20 степени, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Искористете го максимално викендот кој е пред нас, поради тоа што од понеделник ни следува нова гоилема промена навремето, но детални информации околу ова очекувајте во следните наши објави, пишува во објавата на метеоролошкиот медиум ” Метеоаларм”.
Дума.мк