Многу топол ден, температурата до 39 степени

Објавено на 3 август, 2023 во 08:06

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени Целсиусови, а максималната од 29 до 39 степени Целсиусови. УВ-индексот ќе изнесува девет, информира УХРМ.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од УХМР додаваат дека и утре ќе се задржи стабилно и многу топло време.

Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме – велат од УХМР.

Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.