МНР: Македонија има конзул во Њујорк, засега не се предвидува негова замена
Министерството за надворешни работи денеска упати реакција по повод вестите бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.
– Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена, велат од МНР.
Од Владата не потврдуваат ниту дали имало затворена седница на која се донесени одлуки за испраќање на Бесмира Ејупи во Њујорк, но и за пополнување други позиции во македонски дипломатско-конзуларни претставништва.