МОН демантира: Немаше хакерски напад

Објавено на 7 февруари, 2022 во 11:10

Министерството за образование демантираше дека нивната интернет страница и компјутерскиот систем бил цел на напад на хакерска група која се пофали дека успеала да го пробие. Од МОН тврдат дека објавените снимки од надзорни камери воопшто не се од простории во Министерството, бидејќи такви камери кај нив воопшто нема.

Оваа реакција следува откако на социјалните мрежи се појавија информации дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот систем на министерството за образование и притоа ја презело контролата врз надзорните камери и врз интернет страницата на МОН.

Во објавата, покрај снимката којашто би требало да ја потврди веродостојноста за кибернетичкиот напад, се наведува и дека е преземена контролата врз базата на податоци на министерството.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.