МВР: 100 санкции за брзо возење
Објавено на 21 јануари, 2022 во 11:21

Во текот на вчерашниот ден, 20 јануари, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи.
-Од нив шест возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 37 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 63 надвор од населено место, стои во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
