МВР: 167 казни за брзо возење
Објавено на 23 декември, 2021 во 10:18
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 167 возачи. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.