МВР: 181 санкција за брзо возење
Објавено на 23 септември, 2022 во 10:00
Во текот на вчерашниот деn, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач.
-Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното а две возила се движење со дури 70 километри на час повеќе од пропишаната. Притоа, 103 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.