МВР: 202 санкции за брзо возење
Објавено на 20 декември, 2023 во 09:32
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.
-Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 130 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Дума.мк