МВР: 294 санкции за брзо возење

Објавено на 18 јануари, 2023 во 11:54
Фото: Дума.мк

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 294 возачи.

-Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 156 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место, соопштија од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.