МВР: 517 казни за брзо возење

Објавено на 20 февруари, 2023 во 12:50

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 517 возачи.

-Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 300 возила ја пречекорило брзината во населено место, а 217 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.