МВР: 598 санкции за брзо возење

Објавено на 16 мај, 2022 во 10:07

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 598 возачи.

-Од нив 47 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 277 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 321 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.