МВР: 731 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 731 возач.
-Од нив 76 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 313 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 417 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.