МЗ: Нема нови мерки, ширењето на вирусот во Тетово е поради непочитување на препораките
Објавено на 19 јули, 2021 во 12:34
Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата.
-Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисјата за заразни болести во моментов останува на досега прпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, велат од МЗ.
Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19.