МЖСПП за прв пат директно ќе ги финансира националните паркови, почнува и нова иницијатива за заштита на Јабланица
Министерството за животна средина и просторно планирање почнува нова иницијатива за заштита на Јабланица за да се утврди во кој ранг/категорија ќе биде како заштитено подрачје, а за првпат годинава ќе започне со директна поддршка на националните паркови.
-Министерството првпат оваа година ќе пристапи кон директно финансирање на четирите национални паркови кои ги имаме во моментот за да се унапреди нивната работа и да им се помогне, пред се, за да имаат инфраструктура која ќе им овозможи да работат со екосистемски услуги и сечата на дрвата да не им биде главен извор на приходи, информираше министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во освртот за проектите на МЖСПП.
Додаде дека во тек е процесот на ревалоризација на природните вредности на Маврово, а од оваа година почнуваат и со анализа за воспоставување геопаркови во државата, потенцирајќи ја иницијативата за геопарк во близина на Демир Капија.
Дума.мк