На ГП „Богородица“ и „Табановце“ се чека повеќе од 40 минути

Објавено на 19 јули, 2022 во 09:19

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“ за излез се чека околу 30-40 минути, а на ГП „Табановце“ за влез се чека околу 40-60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од Авто мото сојуз на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.