На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Од АМСМ соопштија дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на ГП Богородица за излез и на ГП Табановце за влез во државата има зголемена фреквенција, времето на чекање е околу 15 – 30 минути до еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк