На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

Објавено на 10 мај, 2021 во 11:15

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 429 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 48 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни. Во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти. Во Прилеп 34, во ковид-центарот во Гостивар 13, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 19, во Кичево 9, Кавадарци 24. Во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 748 и има околу 920 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.