На Шапка и Маврово најстудено, снег на североистокот
Објавено на 17 декември, 2021 во 09:40
Најстудено во државава изутрина е на Попова Шапка, каде во седум часот се измерени -8 степени, по што следат Маврови Анови со -6, Крива Паланка, Тетово и Крушево со -4. Во Охрид, Прилеп и Дебар се измерени -3 степени, во Претор, Битола, Штип, Виница и Струмица -2, а еден степен под нулата во Берово и Скопје-Зајчев Рид.
Снежна покривка од 53 сантиметри има на Попова Шапка, од 33 сантиметри на Маврови Анови, 17 Пожаране, 14 Крушево.
Утрово на североистокот провејува слаб снег. Максималната температура денеска ќе достигне од 3 до 12 степени.