Над 100 казни за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Објавено на 20 јуни, 2022 во 09:34

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, вчера, спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 143 возачи, соопшти полицијата.

-Од нив, 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, пишува во дневниот билтен на МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.