Над 51 илјада патници викендов поминале на граничните премини „Богородица“ и „Стар Дојран“

Објавено на 31 јули, 2023 во 12:25

На граничните премини „Богородица“ и „Стар Дојран“ од петокот од 10 часот до вчера истото време на влез и излез во државата поминале над 51 илјада патници. МВР објави дека на ГП Богородица влез и излез оствариле 38.950 патници, од кои 14.456 се македонски државјани, а 24.494 странци, додека на ГП Стар Дојран влез и излез оствариле вкупно 11.960, од кои 4.772 македонски државјани, а 7.188 странски државјани.

Според информацијата од МВР, во моментот времето на чекање е половина час.

Според информацијата од АМСМ од утрово, заради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу еден час.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.