Над 9.000 цивили загинале од почетокот на војната во Украина, вели шефот на кабинетот на Зеленски
Објавено на 17 јануари, 2023 во 14:36
Повеќе од 9.000 цивили, меѓу кои 453 деца, се убиени од почетокот на војната во Украина во февруари минатата година, изјави денес во Давос Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател.
„Регистриравме 80.000 злосторства извршени од Русите и повеќе од 9.000 цивили се убиени, од кои 453 се деца“, рече Јермак за време на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, пренесе Ројтерс.
„Нема да опростиме никаков чин на тортура или одземање животи, секој криминалец ќе одговара“, рече тој, додавајќи дека Украина сака специјален меѓународен трибунал да им суди на руските политичари и репарации за уништување за време на војната.
Дума.мк