Најмалку 22 луѓе загинаа во руски ракетен напад врз железничка станица во Украина
Објавено на 25 август, 2022 во 10:06
Најмалку 22 луѓе загинаа, а десетици се повредени во руски ракетен напад врз железничката станица во градот Чаплине, централна Украина, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Нападот се случи на Денот на независноста на Украина, точно шест месеци од почетокот на руската инвазија на земјата.
– Штотуку добив информација за руски ракетен напад врз железничката станица во регионот Днепропетровск, врз вагоните на станицата Чаплине. Четири патнички вагони се во пламен, изјави синоќа Зеленски, обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН преку видео врска.
Тој додаде дека Украина „ќе ги натера агресорите да платат за сè што направиле и ќе ги протера од неговата земја”.