Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка

Објавено на 13 јануари, 2022 во 09:41

Највисока снежна покривка  од 68 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со 17 сантиметри Маврови Анови, 14 Ѓуриште, 13 Крушево, 9 Пожаране, 6 Демир Капија, 2 Битола, Прилеп.

На Шапка е измерена и најниската темепратура од -16 степени. -12 Маврови Анови, -11 Крушево, -8 Прилеп, Виница, Дебар, -7 Крива Паланка, -6 Охрид, Претор, Битола, -5 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, -4 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, Дојран -2 Гевгелија,.

Според УХМР, денеска се очекува сончево и студено, претпладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.