Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Објавено на 5 април, 2022 во 09:49

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, нула степени се измерени во Маврови Анови, а максимални седум степени во Демир Капија и Гевгелија.

На Попова Шапка има и најмногу снег 10 сантиметри.

Како што соопшти УХМР, најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Гевгелија каде се измерени шест литри на метар квадратен, во Претор и Дојран четири литри, Битола три, Крушево и Попова Шапка два литри, еден литар во Штип, Тетово, Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар и Маврово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.