Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Објавено на 30 ноември, 2023 во 09:18

Најстудено изутрина е во Попова Шапка, каде во седум часот измерени се – 4 степени Целзиусови, по што следуваат Крива Паланка и Лазарополе со – 3, Битола, Прилеп, Струмица, Берово и Маврови Анови со – 1, како и Тетово, Куманово и Штип со 0 степени.

Во Дебар и Крушево 1 степан, Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Скопје – Петровец 2, Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија 3, Велес и Кавадарци 4, а Дојран 5.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 27 сантиметри, во Ѓуриште девет, а во Пожаране пет.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.