Најстудено во Берово со минус 4 а најтопло во Охрид со шест степени

Објавено на 3 јануари, 2024 во 08:30
Фото: Беровско езеро

Најстудено утрово е во Берово со минус четири степени целзиусови, во Охрид најтопло со измерени шест степени.

Како што соопштија од УХМР, минус еден степен утрово е измерен во Скопје-Петровец и Струмица, нула во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија, Гевгелија и Попова Шапка, 1 степен во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци и Лазарополе, 3 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Крушево, Дојран и Маврови Анови, 4 степени во Прилеп, Виница и Дебар.

До 7 часот висината на снежната покривка е пет сантиметри во Маврови Анови.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.