НАТО го зајакнува источното крило
Објавено на 24 февруари, 2022 во 13:13
НАТО најави распоредување на „дополнителни одбранбени копнени и воздушни сили“ во источниот дел на блокот и зголемување на подготвеноста на сите свои сили „да одговорат на сите непредвидени ситуации“, во светло на воената операција на Русија во Украина.
„Активностите на Русија претставуваат сериозна закана за евроатлантската безбедност и ќе имаат геостратешки последици. НАТО ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди безбедност и одбрана на сите сојузници“, се вели во соопштението.