Неделна временска прогноза: Ќе дува силен северен ветер, локално со пороен дожд и грмежи!

Објавено на 26 мај, 2025 во 09:07

Во текот на оваа работна седмица повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието, повремено и локално со брзина од над 60/70 км/час.  Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди,започнувајќи од утре,вторник, 27 мај,  и во наредните денови. Исто така ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

„Во Скопје и околината повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од утре, вторник, па во деновите потоа во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие остануваат со потпросечни вредности за крајот на месец мај. Дневните ќе се искачуваат во интервал од 18 до 25 степени. Утрата остануваат релативно свежи со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 12 степени, додека на високите  и планинските места тие повремено ќе се спуштаат и под 5 степени, додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.