Нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено на 29 август, 2023 во 09:37

Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР информираат дека локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени.

Од среда ќе преовладува умерено облачно време со пониска температура, а само на места ќе има услови за краткотраен слаб дожд.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.