Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено на 12 јуни, 2023 во 09:31

Променливо облачно со повремен дожд, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.