Нова ерупција на вулканот Етна (фото)

Објавено на 18 мај, 2022 во 10:21

Еден од најактивните европски вулкани Етна повторно еруптираше и исфрла лава низ своите кратери на источниот брег на Сицилија во близина на Месина и Катанија, пишува Анадолија.

Новата фаза на еруптивна активност започнала во доцните вечерни часови на 12 мај и се уште е во тек.

Лава излегува од нова еруптивна пукнатина на северната страна на југоисточниот кратер.

Во исто време, ерупциите на пепел и чад наизменично се менуваат од новиот отвор во близина на врвот на северниот раб на кратерот.

Етна е најголемиот и најактивниот вулкан во Европа. Неговите чести ерупции често се придружени со големи текови на лава, но ретко претставуваат опасност за населените области.

Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупции, кои датираат повеќе од 2.000 години.

Фото: Platania/Fotogramma / Zuma Press / Profimedia

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.