Нови еко- правила: Од 1 декември во продажба ќе бидат само биоразградливи кеси
Од 1 декември стапува на сила и забрана за еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти во заштитените подрачја, согласно новите закони за управување со отпад
-Со новата регулатива, се овозможува отворање на повеќе нови работни места и точно се регулираат обврските и одговорноста на сите чинители во овој процес, како локалната самоуправа, производителите на отпад, граѓаните, економските субјекти, а по пронципот ’загадувачот плаќа’. Забраната за употреба на пластични кеси за носење производи ќе стапи на сила од 1 декември. Дозволена е само продажба на биоразградливи кеси кои не смеат да бидат ќе бидат екстра лесни и за кои се плаќа надоместок од 15 денари кој во поголем дел ќе оди во фонд за заштита на животната средина. Од 1 декември се забранува и еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти, за почеток, во заштитените подрачја, вели министерот за животна средина Насер Нуредини.