Нуркачки тимови на „Тигрите“ трагаат по 30-годишниот маж кој исчезна во водите на браната Глажња

Објавено на 31 јули, 2023 во 13:08

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ со три нуркачки тима трага по 30-годишниот Ф.Р. од селото Никуштак, кој вчера влегол во водите на браната Глажња и не излезе, информираа од Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК утрово соопштија дека потрагата продолжува и денеска. Во СВР Куманово вчера околу 14 часот било пријавено дека на браната Глажња, Ф.Р.(30) од село Никуштак влегол во водите од браната и не излегол. Ангажирани биле спасувачки екипи и сè уште се трага по Ф.Р.

РЦУК Куманово, во денешниот билтен информираат дека на бројот 112 добиле пријава за исчезнато лице кое влегло да се капе во вештачкото езеро браната Глажња на оддалеченост од 1,5 километри околу 13:50 часот. Полицајците од Полициска Станица Матејче биле ангажирани за физичко обезбедување на местото на настанот. Преку СВР Куманово вчера била повикана нуркачка екипа на МВР.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.