Облачно и студено со повремени врнежи од дожд
Објавено: 18 април, 2022, во 09:41 часот
Времето денеска претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, но и со сончеви периоди. Утринските температури до четврток ќе бидат ниски, а дневните во постепен пораст.



