Облачно време со врнежи од дожд и снег на повисоките места

Објавено на 7 декември, 2021 во 09:33

Денес ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег во текот на денот ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утре и во четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.