Облачно,врнежливо и постудено за викендот
Објавено на 3 ноември, 2022 во 14:51
По денешното сончево време со мала до умерена облачност и температури нешто малку над 20-тиот степен за утре нетеролозите најавија дека од попладневните часови ќе дојде до зголемување на облачноста. Температурите ќе бидат слични со денешните.
Во деновите од викендот се очекуваат врнежи,наместа поројни и обилни. Врнежите ќе започнат во сабота попладне и ќе се интезивираат во недела. Пад на дневната темперартурите ќе има од недела и тоа за десетина степени пониски од актуелните.
Од понеделник ќе имаме стабилизација,со умерено сончево време.Сепак температурите се прилагодуваат на вообичаените за ноември,па максимално предвидените ќе се движат во распон од 14 до 19 степени. Не се очекуваат позначајни промени во наредните 10-тина дена .
Дума.мк