Oд понеделник, секој граѓанин ќе може да се вакцинира без закажан термин
Објавено на 6 јули, 2021 во 09:41
Секој граѓанин, без разлика дали е пријавен или не преку веб страницата www.vakcinacija.mk од следниот понеделник , 12 јули, ќе може да се вакцинира.
Филипче во објавата на фејсбук вели дека вакцинацијата ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.
-Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk, објави Филипче.