Одбележување на Платиниумскиот јубилеј – 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора

Објавено на 27 мај, 2022 во 09:56

Оваа година се одбележаа 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Кралицата владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, и станала многу сакана и почитувана личност низ целиот свет. Таа е и најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстува старите односи и гради нови врски.

Како дел од прославата, Британската амбасада Скопје била домаќин на прославата во градината на Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, за да ги прослави врските на пријателство, разбирање и почит помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија.

Британската амбасадорка во Северна Македонија, Рејчел Галовеј одржала говор, поздравувајќи ги претседателот, премиерот и заменик-претседателот на собранието, како и гостите и пријателите на Обединетото Кралство и Северна Македонија.

„Долгогодишните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија продолжија да ги зајакнуваат и ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, како и соработката меѓу нашите институции, нашите парламенти, нашата војска и нашиот народ. Го видов македонското знаме како гордо се вее над Молот во Лондон и гледав како Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО. Во текот на последните неколку недели ја видов Северна Македонија како домаќин на 4.800 сојузнички трупи од 8 земји, предводени од глобалните сили за одговор на Обединетото Кралство – кои се запознаваа, се здружуваа, се обучуваа заедно и се подготвуваа заедно да одговорат на кризи. Оваа вежба се одржа во контекст на варварскиот неиспровоциран руски напад врз Украина и нејзиниот народ. И вечерва мислиме на народот на Украина. За да ја обезбедиме безбедноста и одбраната на сите наши сојузници, треба да продолжиме да работиме заедно за да се осигураме дека европската стабилност не може и нема дополнително да биде поткопана. Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и да ја приближува до посигурна, постабилна и попросперитетна иднина во срцето на евроатлантската заедница, додаде Галовеј.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.