Одложeнa оставката на Заев поради состојбата во државата

Објавено на 10 ноември, 2021 во 09:32

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев засега останува на функцијата во партијата, но и како претседател на владата. Централниот одбор одлучил дека треба да се одложи оставката.

-Највисоките органи на партијата препорачаа и едногласно донесоа одлука Заев да ја одложи оставката на неодредено време, додека процесите во државата не се нормализираат. Државата продолжува да се гради на европските вредности. Ова е слободна земја. СДСМ ќе продолжу да работи исклучиво во интересите на граѓаните и на можноста државата да западне во нова криза. Денешната одлука е генерална и сите треба да бидеме на висина на задачата, изјави градоначалникот на Валандово и член на ЦО на СДСМ, Перо Костадинов.

Заедно со таа на Заев, одложени се оставките и на целото раководство на партијата.

СДСМ, исто така го овластила Заев да преговара за зголемување на парламентарното мнозинство. Тој беше дочекан со аплаузи и овации на состанокот на највисоките партиски тела.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.