Османи: Меѓу пристигнатите Авганистанци, има и жена која е во 39-тата недела од бременоста
Објавено на 31 август, 2021 во 09:36
Преку Грузија, пристигнаа 149 граѓани од Авганистан, изјави вечерва од скопскиот аеродром министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој информираше дека тоа претежно се вработени (жени и деца на вработени лица) во неколку меѓународни организации, како Open Government Partnership и Транспаренси интернешнл, односно за наши сојузници и соработници.
-Првата жена што ја видовте како се симнува е бремена и таа веќе е однесена на Гинеколошката клиника во Скопје. Се наоѓа во 39-тата недела од бременоста, додаде Османи и потенцира дека се прават контроли и целокупна асистенција за овие граѓани да бидат преместени во своите привремени живеалишта.