Османи: Уште 14 македонски државјани чекаат евакуација од Авганистан
Објавено на 17 август, 2021 во 12:38
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информираше дека повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан, посочувајќи дека во базата на НАТО се наоѓаат уште 14 македонски државјани, од кои 11 наскоро ќе бидат евакуирани, додека пак 3 ќе останат да ги вршат своите работи.
– Во Кабул се уште 14 македонски државјани од кои 11 денеска ќе бидат трансферирани на аеродромот за да бидат евакуирани во текот на денов, а тројца се изјасниле дека остануваат во Авганистан и подоцна ќе ја напуштат земјата, рече Османи.