Овие три македонски града се новите жаришта

Бројот на заразени со ковид-19 во земјава се зголемува, а веќе неколку дена по ред со најмногу случаи се Скопје 3.693, Тетово 1.855 и Гостивар 1.513. Според податоците од надлежните во земјава нема ниту еден град без заразени од ковид-19.
Во моментов најмалку активни случаи има во Дојран, односно само двајца пациенти, во Демир Капија активни ковид-случаи се три, а во Македонска Каменица петмина.
-Разговаравме со колегите за дел од мерките. Заклучокот е дека засега нема потреба од карантин во Тетово и Гостивар. Сепак, тоа е една голема рестрикција и се става акцент на вакцинацијата, како процес кој што треба да го зголеми колективниот имунитет, изјави министерот за здравство, Венко Филипче .
Проблемот во градовите е што е најмал одзивот за вакцинација.
Тој посочи дека на секој пациент му се пружа максимална грижа, но посочи дека и многу пациенти доаѓаат касно, каков што бил примерот од изминатите неколку денови кога имало случаи со 40-50 проценти сатурација на крвта.
