Падна историски дожд во Италија, половина милион молњи за 48 часа (ВИДЕО)

Објавено на 7 октомври, 2021 во 10:24

Во Италија вчера падна рекорден дожд за време на силно невреме, толку многу што беше соборен европскиот рекорд во количина на дожд што паднала во 12 часа.

Сателитската слика што покажува количина на врнежи над Италија во последните 36 часа, на Твитер ја објави шкотскиот метеоролог, Скот Данкан.

-Италија е нов европски рекордер. Неверојатни 740,66 милиметри дожд за само 12 часа. Во Италија беше соборен нов национален рекорд за количество дожд што падна во шест часа, а потоа и европски рекорд за количина на дожд во периодот од 12 часа. Ова е сателитска слика за последните 36 часа“, напиша метеорологот.

За каков дожд станува збор, можеби најдобро е илустрирано со податоците измерени во градот Росиглионе, недалеку од Џенова. Во период од 12 часа, таму во понеделникот и вторникот наврнале 741,68 мм дожд, што е речиси 60 проценти од вкупниот износ што паѓа во тој град за една година.

Неверојатни половина милион удари на гром се регистрирани во Италија во период од 48 часа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.