Пендаровски: АРМ е чувар на се она што го држи македонското општество заедно
Мораме да ги надминеме политичките разлики и да се обединиме околу започнување на преговороите, што ќе ни помогнат да спроведеме суштински реформи потребни за сите граѓани, рече денееска претседателот на државата, Стево Пендаровски во своето обраќање на одбележувањето 31 година од формирањето на Македонската армија.
Притоа, претседателот побара да се угледаме на Армијата, да ги збиеме редовите и здружено да се посветиме на интересот на оваа и сите наредни генерации – европска Македонија, безбедна, стабилна и просперитетна.
-Армијата е чувар на се она што го држи македонското општесто заедно. Со таквото однесување, припадниците на Армијата не потсетуваат сите нас, на нашата одоговорност да се грижиме за општото добро, а тоа е опстанокот на нашата заедничка Република, рече меѓу другото Пендаровски.
Според него, поради културата на неказнивост, непотизмот и крииминалот станаа најголема закана за општото добро.
-Често сме опседнати со теснопартиски цели и лични интереси. Во вакви услови, да се врати општото добро во центарот на јавниот живот е тешка, но не и невозможна мисија. Ја имаме поддршката од граѓаните, но и многу од нашите странски пријатели, додаде претседателот во обраќањето на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.
Дума.мк