Пендаровски: Горди сме што Бошњаците сте интегрален дел од македонското општество

Објавено на 28 септември, 2022 во 09:48

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

-Овој ден е еден од важните празници што го симболизираат богатството од етнички, верски, јазични и културни идентитети под македонското небо. Во нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, ние различноста на идентитетите ја разбираме не како слабост, туку како наша најголема сила и вредност. Оттука, одбележувајќи го Меѓународниот ден на Бошњаците, ние вложуваме во нишката на инклузивноста што ги држи различните етникуми заедно и во добро и во лошо.Најголем успех на државата е ако сите нејзини граѓани, независно од нивниот идентитет, ја чувствуваат како своја татковина и ако преку своите засебности придонесуваат кон општото добро. Горди сме што вие, Бошњаците сте интегрален дел од македонското општество, но и важна врска на Северна Македонија со држави во кои живеат ваши сонародници. Верувам дека само сплотени ќе ги надминеме сите здравствени, политички и економски предизвици и ќе ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Северна Македонија, стои во честитката.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.