Пендаровски му врачи Орден за заслуги на прославениот актер Гоце Тодоровски

Објавено на 27 декември, 2023 во 13:27

Претседателот Стево Пендаровски денес лично го одликува прославениот актер Гоце Тодоровски со Орден за заслуги за Република Северена Македонија.

Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност. Со својот уникатен актерски талент се вмрежи во нашите срцa оставајќи неизбришливи траги во нашата историја, култура и традиција.

-Бард на македонското глумиште и еден од нашите најпочитувани и најпознати актери со извонредна кариера и богата биографија. Препознатлив по ведрината и енергичноста на сцената, но и по неговиот високо професионален однос кон работата, стои во објавата на претседателот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.