Пендаровски: Поучени од хуманизмот, трудољубивоста, посветеноста и чесноста на Св. Климент Охридски, да придонесуваме кон изградба на подобар и поубав свет

Објавено на 8 декември, 2022 во 10:50

Поучени од хуманизмот, трудољубивоста, посветеноста и чесноста на Свети Климент Охридски, да придонесуваме кон изградба на подобар и поубав свет, порача шефот на државата.

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед.

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот празник – Свети Климент Oхридски и да ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, радост и среќа, исполнети со љубов и хармонија.

Празнувањето на денот посветен на големиот просветител и патрон на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, за нас има многу повеќе од духовно и религиозно значење. Неговата писателска и воопшто научно-образовна дејност е темелот на кој го базираме нашето духовно, културно и општествено постоење. Делото на Свети Климент Охридски ги надминува сите етнички и географски рамки заземајќи неизбришливо место во меморијата на човечката цивилизација и со гордост го споделуваме со нашите соседи и со целиот eвропски континент.

Поучени од хуманизмот, трудољубивоста, посветеноста и чесноста на Свети Климент Охридски, да придонесуваме кон изградба на подобар и поубав свет.

Нека ни е честит празникот и за многу години“, пишува во честитката на претседателот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.