Пендаровски: Среброто на Георгиевски вреди како злато
Објавено на 27 јули, 2021 во 16:02
Претседателот Стево Пендароски се огласи на социјалните мрежи по повод историскиот медал што го освои нашиот таеквондист Дејан Георгиевски на ОИ во Токио.
-Сребрениот вреден како злато. Дејан, ти си нашиот олимписки херој. Твојот успех е историски за Северна Македонија, напиша Пендаровски.
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски загуби со вкупни 15-9 во финалето од прворангираниот на ОИ во Токио, Русинот Владислав Ларин, со што го освои сребрениот медал и испиша историја за нашата земја на едни олимписки игри.
Со ова заврши постот од 20 години без медал за Македонија. Првиот и до претходно единствен, бронзен, го освои Мохамед Ибрахимов во борење на ОИ во Сиднеј во 2000 година.