Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
Објавено на 7 септември, 2023 во 10:15

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 18.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на десет плотуни од шест артилериски орудија, од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.
Претходно, во попладневните часови во период од 15:00 до 18.00 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија, информираат од Генералштабот на Армијата.
Дума.мк
