Почнува летото

Објавено на 21 јуни, 2023 во 09:25

Во 16 часот и 57 минути денеска почнува летото. Во исто време на Јжната хемисфера почнува зимата.

Денот денеска ќе биде најдолг, а ноќта најкратка. На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.

На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура е во интервал од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 35 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.